Актуелно, во Офицерски дом-КИЦ Битола!
Во чест на Светскиот ден на науката за мир и развој, Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола во тек е првиот работен ден од Годишна меѓународна конференција: „Мултидисциплинарен пристап кон целите за одржлив развој“ на 14 и 15 ноември 2025 година во КИЦ- Офицерски дом во Битола.
Конференцијата ќе обедини академици, истражувачи, креатори на политики и практичари од различни области, со заедничка цел – поттикнување на дијалог, соработка и иновации во служба на одржливата иднина. На свеченото отворање ќе настапат четворица еминентни меѓународни експерти: Ернест Влачиќ, Панајотис Главинис, Иоан Хорга и Ангелос Касканис.
Од Конференцијата ќе произлезе Зборник на научни трудови, а УКЛО наскоро ќе објави и Книгата на апстракти, која ќе го одрази мултидисциплинарниот дух на Kонференцијата и придонесите од различни научни области.
Очекувањата се и ова издание на Конференцијата да донесе нови инспиративни излагања и нови перспективи за одржлив развој на локално, регионално и глобално ниво. Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола ги покани сите заинтересирани да бидат дел од овој значаен научен собир што го промовира знаењето, соработката и одржливиот развој.
Во рамките на програмата, Конференцијата ќе опфати и посебен тематски дел, панел-дискусија на тема: „Европските универзитетски алијанси во фокус: КОЛОРС, CHALLENGEEU и други, во хибриден формат во КОЛОРС CoSpace Office. Модератор на активноста е професорката Рената Петревска Нечкоска, академски раководител на УКЛО КОЛОРС.
https://uklo.edu.mk/blog/aisc-2025






