По повод Денот на државноста на Република Хрватска, во петок на 6. јуни 2025 година, со почеток во 20:00 часот, во Културно-информативниот центар (Офицерски дом) во Битола ќе се одржи свечен настан во организација на Хрватскиот културен центар „Марко Марулиќ“ – Битола.
Програмата ќе понуди богата уметничка содржина, со настапот на женската клапа „Виоле“ од Дрвеник и женскиот хор „Градац“ од Општина Градац, Хрватска. Публиката ќе има можност да ја проследи и изложбата на фотографии „Хоризонти“ од авторката др. сц. Блага Петрески од Сплит, како и настапот на учениците од Државното музичко училиште – Битола како специјални гости.
Денот на државноста на Хрватска е еден од најзначајните за хрватската понова историја.Настанот е организиран во соработка со Културно-информативниот центар Битола, општина Битола, Сплитско далматинскиот округ и Централната канцеларија за Хрватите кои живеат надвор од Република Хрватска.
