Ден на пијаното во Офицерски дом

Со голема радост оваа година го одбележуваме Денот на пијаното во нашето училиште – ден посветен на инструментот кој инспирира, предизвикува и создава безброј музички приказни.

Околу 120 млади и надежни пијанисти ќе настапат со внимателно подготвена програма, во која ќе ја покажат својата посветеност, труд и љубов кон музиката. Преку различни стилови и епохи, ќе имате можност да уживате во искрени и музички зрели интерпретации.

Овој ден е повеќе од концерт – тоа е прослава на учењето, дисциплината и радоста што музиката ја носи.

✨

Во рамки на програмата, од 13.30ч. ќе се одржи гостински концерт на училиштето “Тефта Ташко Кочо” од Корча, Р.Албанија, училиште со кое имаме долгогодишна меѓународна соработка и со чие што гостување допринесуваме за уште посвечено одбележување на овој Меѓународен ден на пијаното.

Ги покануваме сите љубители на музиката да ни се придружат и да ја споделат оваа убава атмосфера со нас.

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Scroll to Top