Ако се прашувате што интересно имаше попладнево во градот, тогаш сте на вистинското место. Свечената сала на Офицерски дом – КИЦ Битола, денеска со една поинaква енергија.
Битола ја реализира „Дигитална Зона – Безбедни тинејџери, без насилство“ и испрати силна порака против дигиталната злоупотреба .На 3 декември 2025 година се одржа едукативниот настан „Дигитална Зона – Безбедни тинејџери, без насилство“, организиран од Општина Битола, КИЦ – Битола и Здружението за развој на ромската заедница СУМНАЛ, како дел од глобалната кампања „16 Дена Активизам против родово базирано насилство“. Настанот го отвори градоначалникот на Општина Битола, д-р Тони Коњановски, кој истакна дека заштитата на младите и безбедното дигитално однесување се заедничка обврска на институциите, училиштата и заедницата.
Говорници и клучни пораки
Во програмата учествуваа повеќе стручни лица од различни институции:
• Бранислав Ангеловски, спортски тренер – за улогата на дисциплината, спортските вредности и самоконтролата како механизми за справување со притисоци.
• Наташа Беќирова, психолог од Женски центар за поддршка – за токсични врски, емоционални „red flags“ и ментално здравје кај младите.
• Марина Ѓорговска, Центар за социјална работа Битола – за системската заштита, начинот на пријавување и институционалната поддршка на малолетници во ризик.
• Фарук Мемиќ, претставник на СВР Битола – за дигиталните кривични дела, онлајн уцените и механизмите за откривање злоупотреби.
• Михајло Сиљанов, професор и класен раководител – за улогата на наставникот, градењето доверба со учениците и позитивната атмосфера во класот.
• Фатма Бајрам Аземовска од „Сумнал“ – за активностите на организацијата и проектот Erasmus+ “Breaking a Taboo”, насочен кон превенција на малолетнички бракови.
Интерактивен дел и учество на учениците
Особено внимание привлече интерактивната игра „Red Flag / Green Flag“, преку која учениците препознаваа здрави и ризични однесувања во врските и дигиталната комуникација. Овој сегмент поттикна живи реакции, дискусии и зрели размислувања.









