ДЛУБ со голема изложба во Офицерскиот дом по повод 50 годишниот јубилеј на здружението.

Секоја изложба е своевиден празник, но кога одбележувате 50 годишен јубилеј на една од најзначајните културни асоцијации во Битола и Македонија како што е Друштвото на ликовни уметници Битола, тогаш празничната возбуда е сосем оправдана. Минатата Сабота, ДЛУБ со голема и импозантна изложба, како по број на учесници, така и по дела го одбележа јубилејот 50 годишното постоење. Секако, како што е ред во овие прилики, следеше пригодно обраќање од Претседателот Васко Ѓорѓиев, доделување на плакети за членовите, музички настап на автентичното трио„ Балкaнатолиа“ , дружење и споделување на искуства…На изложбата со свои дела присутни и колеги, ликовни уметници од Лерин, Р.Грција со кои ДЛУБ веќе втора година одржува блиска соработка.

Нека се множат како годините , така и успесите.

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Scroll to Top