Битола е позната по богатото културно наследство, како и славни личности кои со своите дела ги задолжиле идните генерации. Но, токму новите генерации, натопени со духот на славното минато создаваат нови вредности…Она што е највозбудливо во културата и уметноста е токму радоста на создавањето и споделувањето. Минатата Сабота, во култното Кино Браќа Манаки Битола се случија токму двете работи. Учесниците од првиот повик на креативната кампања „Биди ИН, сними филм“ на КИЦ Битола, ни донесе седум кратки филмови кои ја доживееа својата премиера на место каде се вкрстуваат минатото, сегашноста и иднината. Честитки за учесниците, за нивната храброст, креативност и посветеност…ЈОУ Културен и информативен центар Битола, ќе продолжи со активна поддршка на младите креативци од Битола и регионот. Само така ќе им ги отвориме вратите на генерациите кои доаѓаат. Впрочем тоа е наша должност и племенита обврска…







