Убавината понекогаш знае да биде и загадочна…
Офицерскиот дом претставува архитектонска синтеза на стилови карактеристични за почетокот на 20 век и тогашните општествено-политички прилики. Станува збор за спој на палата и тврдина, кој ве тера повторно и повторно да го откривате.
Тука, некаде, се насетува „маварскиот стил“, присутен преку потковичестите, т.н. сараценски лакови, сликовитоста на фасадата и обилното пластично украсување. Не помалку е присутен и класицизмот, како одраз на европско влијание.
За денес ја одбравме оваа фотографија – симболична, раскажувачка и, секако, воодушевувачка…
