Започна Пијано фест 2024

Со концертот на лауреатите на Пијано фест 2023

Јана Блажевска – соло пеење и Јурген Алија – пијано, вечерва во Свечената сала на Офицерскиот дом-КИЦ Битола, започна „Пијано фест“ 2024. Фестивалот ќе трае наредните три денови, а на истиот во три дисциплини: пијано соло, соло пеење и камерна музика ќе настапат бројни учесници од регионот. Предвидени се парични награди за лауреатите, а ќе има награда концерт за отварање на следното издание на натпреварот, како и многу специјални награди. Пијано фест се одржува со поддршка на Министерство за култура, Општина Битола, во соработка со ЈОУ Кучтурен и информативен центра Битола. На вечерашното отворање , Градоначалникот Тони Коњановски, изрази голема почит кон овој фестивал и ја потврди поддршката на Општина Битола.

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Scroll to Top