Започна фестивалот „Хармониките“

Синоќа во Свечената сала на Офицерскиот дом-КИЦ Битола се отвори 9-то издание на Фестивалот „Хармониките“. Овој фестивал е единствен ваков фестивал во Македонија и регионот кој за главен фокус ја има хармониката како инструмент, односно виртуозите на хармоника. Како и изминатите изданија, така и оваа година на програмата се врвни изведувачи, виртуози на хармоника како Дарко Кулевски и др. Основач и уметнички директор на фестивалот е Сашко Савевски и самиот посветен изведувач, кој оваа племенита фестивалска иницијатива ја носи од почетоците , па се до фестивалска зрелост.

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Scroll to Top