Битола живее во звуците на пијаното. Oд синоќа Свечената сала на Офицерски дом – КИЦ Битола е храм на класичната музика. Во тек е 7-то издание на Интернационалниот пијано натпревар Piano fest 2025. Ви пренесуваме фото импресии од синоќешниот концерт на НУ Камерен оркестар Битола и лауреатот на Piano fest 2024 Златица Лазарова. Организатор на настанот е Асоцијацијата на пијанисти и музички педагози ПИЈАНО Битола, во соработка со ЈОУ КИЦ Битола и секако поддршка од Општина Битола и Министерство за култура.



















