Започнува есенската филмска сезона во Кино Манаки

Почитувана филмска публико,

Со огромно задоволство го најавуваме почетокот на есенската филмска сезона во Манаки КИНО . Ве очекуваме во најградското кино на Широк сокак, со идеални услови за филмско доживување.

На 08, 09,10 и 12 Октомври со почеток во 20.00 ч, големиот филмски хит „Магаполис“ . Влезницата изнесува 200 денари.

Премиерно во официјална конкуренција на Канскиот филмски фестивал! Еден од најголемите режисери во историјата на американската кинематографија, Френсис Форд Копола (трилогија „Кум“, „Прислушување“, „Апокалипса денес“, „Дракула“) го претставува своето ново визионерско ремек дело, научно-фантастичниот спектакл МЕГАЛОПОЛИС, епска римска приказна сместена во модерна Америка. Градот Нов Рим мора да се промени, што предизвикува конфликт меѓу Цезар Катилин, генијален уметник кој бара пат кон утопистичка, идеалистичка иднина, и неговиот ривал, градоначалникот Френклин Цицерон, кој, пак, сака да остане верен на регресивениот статус кво, на вечната алчност, со посебен интерес кон партизанското војување. Помеѓу нив двајца е Јулија Цицеро, ќерката на градоначалникот чија љубов кон Цезар ја раскинува нејзината лојалност кон двајцата, принудувајќи ја самата да открие што навистина заслужува човештвото…

Секако, се грижиме и за младите вљубеници во филмот. Во најава е детскиот филмски хит, „Нина и приказна за ежот“. Проекциите се закажани на 10 и 12 Октомври со почеток во 18.00 ч. Влезницата изнесува150 денари. Филмот е синхронизиран на македонски јазик.

#film

Ваш КИЦ Битола

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Scroll to Top