Додека го пиете своето утринско кафе и размислувате за нови културни настани, да се потсетиме на брилијантниот настан на италијанскиот пијанист Џанлука Луизи посветена на Шопен со која беше затворено 34-то издание на Интернационалниот фестивал на класична музика „Интерфест“ 2025. Присутните освен доживувањето, понесоа и спомени кои можат да ги споделуваат уште долго време, благодарејќи на „Интерефест“, фестивал кој на Битола и донесе светска препознатливост во класичната музика, а на генерации битолчани можност да бидат со светската елита во класичната музика, формат од ковот на Луизи.









