Синоќа се беше наклонето кон битолскиот и македонски пеач Никола Зацески, кој на платото пред Офицерскиот дом – КИЦ Битола, го оддржа својот солистички концерт „Срцето мое тука чука “. И небото и бројната публика која остана до крај, и секако неговите колеги и пријатели кои со своето присуство ја збогатија програмата. Ова не беше обичен концерт, но вистинско доживување кое дојде како идеален завршеток на летната концертна сезона во Битола. Одбрана музичка придружба од професионалци под раководството на диригентот Сашо Татарчевски му даде грандизоност и богат звук на композициите, а гостите како Андријана Јаневска, Елена Андоновска, Никола Мицевски, Мите Стоилков, Горан Начевски ненаметливо, топло , а сепак возбудливо го збогатија солистичкиот концерт на Никола Зацески. На сцената беше присутна искрена и топла енергија, која публиката постојано ја наградуваше со аплауз. Честитки за младиот пеач, кој на најдобар начин ја покажа својата музичка зрелост, потенцијал и харизма. Му посакуваме големи успеси.