За многумина кои за прв пат влегуваат во Офицерскиот дом, било да се битолчани или туристи, првата асоцијација им е музиката…Просторот, иако првично граден за потребите на офицерскиот кадар, стана статусен симбол на музичката култура на Битола. Но, што би била таа убавина без вештината на професорите од @Државно музичко училиште – Битола кои синоќа токму во велелепната концертна сала на Офицерски дом со концертот насловен како „Звукот на искуството“, уште еднаш покажаа дека музиката најдобро звучи тука…









