Науката, особена онаа во служба на заштита од непогоди постојано мора да се усовршува со нови сознанија, методи и практики. Денеска, во Кристалната сала на Офицерскиот дом, пред стручната јавност и надлежните, „ИЗИИС“ , со завршна работилница од проектот ИСРА (интегративно зајакнување на свесноста за сеизмички ризици, каде што сите учесници во проектот ги споделија своите искуства и предизвици со кои се стекнаа за време на реализацијата на истиот). Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија како главен координатор на овој проект, денеска ја имаше завршната работилница на чело со проф. д-р Влатко Шешов.