Свечената сала на Офицерскиот дом – КИЦ Битола во ориентално руво, благодарение на несекојдневниот настан во организација на Институт „Конфуциј“ при Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје. Посетителите можеа да ја погледнат изложбата на „Кинеско традиционално сликарство“, како и непосредно цртање со уметникот, професорот Гао Ши, од Народна Република Кина.









