Без претерување, синоќешната изложба на Александар Сотировски, по повод 35-години негово творештво на едно место ги собра најеминентните македонски и балкански стрип уметници, како Јакупи, Лаци, Османли, Поповски, Јовчевски, Лазаревски, Гаковски, Атанасовски кои дадоа дополнителен сензибилитет на изложбата на Сотировски. Свечената сала на Офицерскиот дом од синоќа, па се до 30 ти Јуни ќе биде храм на стрип уметноста, место на висока творечка енергија која остава без зборови…Пред бројните почитувачи на уметникот и стрип културата изложбата со пригодна реч ја отвори Филип Ивањишевиќ, симболично затворајќи го кругот кој започна со неговиот татко, великот битолски ликовен критичар и ерудит Ричард Ивањишевиќ кој ја отворил првата изложба на Сотировски. Свое искрено и спонтано обраќање имаше Томислав Османли човек за кој секој збор е премалку, македонски стрип сценарист, драматург, теоретичар на медиумите, писател, критичар, новинар и есеист, кој емотивно го нотираше творечкиот раст на Сотировски…Одбележувањето на 35 години творештво продолжува и денеска со работилница и други активности во Кино Манаки.
Општина Битола – официјална страница
Oficerski Dom Bitola – Офицерски Дом Битола
@Манаки КИНО





















