Што се треба да си архитект? Да ја замислиш, па да ја нацрташ новата реалност во која некој ќе живее, работи, рекреира, креира… Веројатно треба да си „допрен“ од музата на уметноста и градителството, да имаш големо трпение, гладен дух и мирна рака. Токму тие, младите студенти по архитектура денеска ја споделија со нас нивната визија за Битола. Денеска во Кристалната сала на Офицерскиот дом, во организација на Општина Битола и Архитектонскиот факултет во Скопје, со поддршка на КИЦ Битола, отворена е Изложба на студентски трудови, изработени во рамки на предметот Урбанистичко обликување 2, во 9 семестар. Автори се студентите од Архитектонски факултет Скопје, Универзитет Св. Кирил и Методиј во Скопје, а под раководство на проф. д-р Дивна Пенчиќ, асист. м-р Ана Рафаиловска и дем. Бојана Исијанин. Задачата се состоеше од изработка на визија, стратегија и проекти на избрани локации. На отворањето на настанот свое обраќање имаше Секретарот на Општина Битола, Г-динот Борче Димитровски, кој во името на Општина Битола и градоначалникот Коњановски ги поздрави присутните, не кријеќи ја возбудата од презентираните проекти и визии поставени во салата. Свое обраќање имаше и проф. д-р Дивна Пенчиќ од Архитектонскиот факултет во Скопје. Изложбата ќе биде достапна наредните денови во Офицерски дом, КИЦ Битола.
Општина Битола – официјална страница
Архитектонски факултет Скопје / Faculty of Architecture, UKIM








