Работната недела ја започнуваме со осврт на настаните кои го одбележаа изминатиот викенд, со посебен акцент на изложата „Пркос кон заборавот“ на Ивона Кочов. Отворањето на изложбата беше вистински градски настан на кој присуствуваа преку двестотини посетители од различни генерации кои дојдоа да оддадат почит кон подвигот на Ивона Кочов која решила преку ваков еден авторски проект да ги овековечи лицата и личностите на битолчани од повозрасните генерации кои со своето постоење, живот и делување оставиле значајна трага во мозаикот на животот на овој град…Оваа изложба е особена по многу нешта, како од естетски аспект продолжувајќи ја школата на портретирање на браќата Манаки, но и други значајни аспекти за што зборуваа Анастазија Христовска и ликовниот критичар Владо Ѓорески, но е обединувачка, и пркоси на заборавот кое времето го наметнува. Да не ги заборавиме оние пред нас кои се вградиле себе си во душата и духот на овој прекрасен град…









