Споделуваме важна информација за сите оние кои би сакале да ја посетат Изложба на студентски трудови, изработени во рамки на предметот Урбанистичко обликување 2, во 9 семестар. Автори се студентите од Архитектонски факултет Скопје, Универзитет Св. Кирил и Методиј во Скопје, а под раководство на проф. д-р Дивна Пенчиќ, асист. м-р Ана Рафаиловска и дем. Бојана Исијанин. Задачата се состоеше од изработка на визија, стратегија и проекти на избрани локации. Изложбата е поставена во Алтернативниот галериски простор на Офицерски Дом Битола и е достапна за посетители.




