Изложба со уметнички дела креирани низ работилниците од ученици во проектот “Македонска Креативност: Од Кирилица до Визуелни Уметности”

Синоќа во Кристалната сала на Офицерскиот дом, здружението ЛАТЕРАЛ и авторот на концептот ” Игор Трајковски Фоја, пред присутната публика ја презентираа завршната изложба и прирачник од проектот; “Македонска Креативност: Од Кирилица до Визуелни Уметности”. Овој проект претставува патување низ времето, културата и уметноста на нашата земја, и има за цел да ја истакне важноста на естетиката во сите форми на креативно изразување. Како што рекол Фјодор Достоевски, „Убавината ќе го спаси светот“. Верувам дека токму преку убавината и креативноста, можеме да внесеме светлина и надеж во нашето општество- изјави авторот на отворањето на изложбата. Воедно промовиран е и прирачник од самиот проект кој е прв ваков пример и е сплет на гледишта и трудови од нашите ментори: Гордана Петров Такец, Игор Трајковски Фоја, Марјан Георгиевски и Коста Дупчинов, како и на уметнички творби од сите учесници на работилниците. ЈОУ КИЦ Битола изрази подготвеност во иднина да воспостави трајна соработка со независните уметници и асоцијации со цел обезбедување творечки континуитет на младите автори и иницијативи.

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Scroll to Top