Ни претставува чест да ја најавиме изложбата е на студентски трудови, изработени во рамки на предметот Урбанистичко обликување 2, во 9 семестар, на студентите од Архитектонски факултет Скопје, Универзитет Св. Кирил и Методиј во Скопје, под раководство на проф. д-р Дивна Пенчиќ, асист. м-р Ана Рафаиловска и дем. Бојана Исијанин. Задачата се состоеше од изработка на визија, стратегија и проекти на избрани локации.
Претставени ќе бидат 7 визии и стратегии како и околу 30 – тина проекти, кои ќе бидат презентирани од самите автори/студенти.
Петок 14.02.2024, Кристална сала-Офицерски дом – КИЦ Битола, почеток 11.30 ч.
Ве очекуваме
КИЦ Битола
