Во пресрет на одбележувањето на празникот на Битола, „4 – ти Ноември“ денеска жири комисијата во просториите на КИЦ Битола, имаше пријатна обврска да ги прегледа пристигнатите ликовни творби за ликовниот конкурс
„Битола – мојот град, моја визија“, во организација на КИЦ Битола.
Учениците се натпреваруваа во три категории:
I – III одделение
IV – VI одделение
VII – IX одделение
Жири комисија во состав:
Кристина Петровска – историчар на уметност,
Ивона Кочов – фотограф
Васко Ѓоргиев – уметник – дипл. вајар
Даниела Николовска – соработник за визуелни уметности, дизајн и архитектура – КИЦ Битола,
Одлучи пристигнати творби да ги презентира на групна изложба на која свечено ќе бидат доделени и наградите по категории.
Изложбата ќе биде поставена на 12.11.2025, во Офицерски дом-КИЦ Битола во 12.00 ч.




