Денеска КИЦ Битола беше место на една можеби „историска“ средба на културните институции по еден важен повод – Креирање ИТ апликација за „Интегриран календар на културни настани“ за Општина Битола, во рамките на проекот „Битола 2.0 – Дигитална општина – поблиска до своите граѓани. Oваа алатка има за цел да ја интегрира културната понуда, да ја приближи кон граѓаните и публиката и секако ќе ја афирмира работата на културните институции и оператори. На средбата од страна на носителот на проектот за Општина Битола, граѓанското здружение „Про Локал“ се обрати проект координаторот Емилија Героска, која ги запозна присутните со целта, структурата и функционирањето на апликацијата. Следеше активна дискусија во која се отворија бројни аспекти на функционалната поставеност на апликацијата што беше исклучително корисно во оваа подготвителна фаза. ЈОУ Културен и информативен центар Битола е назначена за координатор за комуникација на активностите кои ќе произлезат при развој на апликацијата. Следува активна комуникација и втора средба на културните институции, проширена со други културни оператори, потенцијални корисници на апликацијата.









