Почитувани,
Синоќа во Свечената сала на Офицерскиот дом, „зборуваше“ музиката . Токму јазикот на музиката , особено кога е пренесена низ рацете на врвни мајстори е возвишено доживување и референца за уметнички чин. Ви пренесуваме дел од импресиите од синоќешниот концерт насловен како „Градот на клавирите“ со НУ Камерен оркестар на Битола и изведбата на Концертот за черирирачно пијано од Леополд Кожелух за прв пат во Македонија, во изведба на Марија Вршкова (пијано) и Татјана Божиновска (пијано). Следеше изведба на Симфонија бр. 5 од Ф. Шуберт и долготраен аплауз. Честитки и почит кон Камерниот оркестар, солистите и секако диригентот Бисера Чадловска, чија енергичност ги вплоти сите изведувачи во една беспрекорна хармонија.









