При секоја посета на туристи и посетители на Офицерскиот дом, неизбежни се комплиментите и отворено воодушевување од Свечената сала со концертниот клавир, акустиката и амбиенталноста на оваа сала. Токму затоа секој концертен настан, особено оние од класичната музика кои природно припаѓаат тука, се настани кои заслужуваат особено внимание. Споделуваме фото галерија од синоќешниот „КОНЦЕРТ ЗА ГЛАС И ПИЈАНО“ со Сара Јанева-мецосопран и Иван Трајковски-пијано соработник. На програмата се изведуваа дела од: Г.Ф.Хендл, В.А.Моцарт, Ј.Штраус II, К.Сен-Санс, Ж.Бизе, А.Дворжак, А.Рубинштајн, А.Бабаџанијан, Т.Прокопиев, А.Џамбазов.