Синоќа во Свечената сала на Офицерскиот дом, со Свечен концерт на кој учествуваа професори и ученици од @Државно музичко училиште – Битола , оваа образовна институција му одаде почит и должно сеќавање кон ликот и делото на Михајло Николовски – Ѓумар, голем музички педагог, композитор и иницијатор за основање на денешното средно музичко училиште. Повод за овој настан беше и одбележување на 90 години од неговото раѓање, како и 30 години од неговата смрт. И со овој настан ДМУ Битола уште еднаш покажа на што се должи исклучителното реноме на оваа образовна институција. Да потсетиме дека Државно музичко училиште – Битола оваа годинна прославува 78 години од постоење, а истото започна со работа на 17 февруари 1947 година, на иницијатива токму Михајло Николовски – Ѓумар.
Државно музичко училиште – Битола














