Синоќа во Свечената сала на Офицерски дом, во пијано придружба на проф.м-р Анастасија Гичевска се претстави младата музичка надеж Кармен Гемту. Таа од најмала возраст го започнува своето музичко обазование во Држвното музичко училиште во Битола изучувајќи виолина, а продолжува во средното музичко учлиште во Битола на соло пеење во класата на проф. м-р Маја Митровска. Во текот на школувањето е добитник на многубројни државни награди.
Гостин на концертот беше Кристијана Илиевска, 3 кл. пијано од класата проф.м-р Билјана Илиевска.









