Концерт на „КВИНТЕТО“ на летната сцена на Офицерскиот дом

Продолжуваме со реализација на квалитетни музички настани на сценскиот простор на Офицерскиот дом. Синоќа на малото плато пред Офицерскиот дом, публиката имаше единствена прилика да го проследи концертот на „КВИНТЕТО“ во состав на искусните музичари:

Игор Бакревски – кларинет

Владимир Лазаревски – обоа

Кристијан Кожумановски – бас гитара

Благоја Антовски – тапани

Марко Виденовиќ – виола, клавијатури и композитор

Она што го направи овој настан вистинско доживување е храброста на авторите и музичарите да комбинираат стилови помеѓу џез, класика и етно елементи испорачувајќи пријатна и возбудилива музичка енергија до публиката.

Концертот е поддржан од Општина Битола.

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Scroll to Top