Навистина е посебно чувството кога некого познавате од почетокот на неговата кариера, а подоцна имате привилегија да ги промовирате неговите успеси. Со особено задоволство најавуваме еден исклучителен музички настан кој ќе се случува на платото на Офицерскиот дом-КИЦ Битола, на 12.09.2024, со почеток во 20.30 ч. Почитувана публико Ви го претставуваме Никола Зацески, со неговите пријатели со концертот „Срцето мое тука чука“. Бидете дел од овој настан и ќе дознаете зошто гласот и енергијата на овој млад и талентиран битолски музичар е посебна.
Настанот е поддржан од Министерство за култура и туризам, Општина Битола и ЈОУ Културен и информативен центар Битола.
