Концерт на оркестри на ДМУ Битола

Оваа сезона ДМУ Битола, во повеќе наврати ја исполни Свечената сала на Офицерскиот дом-КИЦ Битола, со бројна публика, воздишки и аплаузи, промовирајќи млади уметници кои несомнено се иднината на класичната музика како во Битола, така и во Македонија. Евидентни се постигнувањата на музичкото училиште, пред се на младиот професорски кадар, а како крешендо на нивното претставување пред културната јавност беше синоќешниот „Концерт на дувачкиот оркестар со солисти, гудачкиот оркестар и камерни состави на ДМУ Битола“. Зборовите само би ја го намалиле доживувањето, па затоа Ве оставаме на визуелните впечатоци. Честитки до професорите, менторите, ученциите и сите оние кои направија да сме горди со ДМУ Битола.

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Scroll to Top