Тројца докажани уметници, поттикнати од желба за истражување на нови композиции и зголемување на својот репертоар, во 2014 година формираа свое трио. Десет години подоцна зад себе имаат респектабилен број на концертни во настапи и признанија, а ги издвојува еден куриозитет што ги прави единствена ваква музичка формација. Имено за Пијано Трио напишани се дури четири композиции од еминентни македонски композитори. Во улога на промотори на македонската култура 2023 г. настапуваат во Македонскиот културен центар во Истанбул, каде изведуваат исклучиво дела на македонски композитори.
Битола, синоќа ја имаше привилегијата да биде дел од одбележувањето на 10 годишниот јубилеј на Пијано Трио, со концерт во кој посетителите можеа да препознаат виртуозност, прецизност, нагласена индивидуалност и интерактивност.







