Концерт на Јован Милошевски во Офицерски дом

Ни претставува особена чест што сме домаќини на еден од концертите на 17-то издание на Фестивалот на музика од светот.

🎶 OFF Програма – Фестивал на музика од светот 2025

Јован Милошевски – „Мајчин јазик“

Оваа година OFF програмата носи настап што тивко, но моќно ја открива длабочината на нашиот музички корен.

Пред нас стои Јован Милошевски, битолчанец чиј музички свет се протега од класичните концертни сали низ Европа, па сè до модерните џез и рок сцени.

🎸 Класичен гитарист со современ дух, Јован создава мост меѓу традицијата и новиот звук – свирејќи класична и електрична гитара, но и бузуки и мандолина. Неговото образование од Битола до Конзерваториумот во Палма де Мајорка му дава широк опус, а неговиот стил… сосема свој, препознатлив и редок.

✨ „Мајчин јазик“ е циклус од балкански претежно македонски аранжмани за гитара од Јован Милошевски. На еден уникатен начин и длабоко познавање на инструментот и народните песни тука го покажуваат целиот на македонскиот и балканскиот фолклор како никогаш досега.

📍 29.11.2025 (сабота)

🕕 18:00 часот

🏛️ КИЦ – Битола

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Scroll to Top