Концертите како синоќешниот на триото составено од Марко Поп Ристов, Доминика Робе Поповска и Симон Поповски, го одржуваат жив митот за градот на клавирите, за префинетоста на публиката, за привилегијата да се проследи таков еден концерт во велелепниот Офицерски дом, каде музиката одекнува совршено, а времето не се препознава…Благодарни сме што имаме ваква класа на музичари кои ја продолжуваат музичката традицијата градот во кој музиката е начин на живот. Фото прилог: Сашо Ставрев.




