Синоќа на платото пред Офицерски Дом, бројните гости и туристи можеа да проследат целовечерен концерт на КУД Илинден Битола – музичко сценски проект “На Паниѓир – ора и песни од Јужномакедонската Етнографска целина – Јужно Играорно Подрачје” во рамките на 54-то издание на фестивалот на народни песни и игри „Илинденски денови“ 2024.