Почитувани,
Следниот настан во КИЦ Битола ја содржи препознатливоста на битието на овој град. Го најавуваме следниот настан во објектите на КИЦ Битола.
Интердисциплинарен и мултимедијален фестивал
“КУЛТУРЕН АМАЛГАМ”
***
📸 „24“ Изложба на фотографии од Никола Јовановиќ / 20 часот, Офицерски Дом – Битола
Изложбата се состои од 20 црно-бели фотографии на кои се прикажани портрети и сцени од музичкиот свет кои досега не биле објавени. Оваа изложба дава можност фотографиите да бидат прикажани во јавност. Фотографиите се снимени во периодот 2023 до 2024 година на различни локации и секоја од нив раскажува некоја своја приказна.
Никола Јовановиќ е млад фотограф роден во Скопје (2002), кој активно се бави со фотографија веќе неколку години. Кон крајот на 2020-та година почнува активно да се бави со портретна и музичка фотографија. Црно-белата фотографија е негов заштитен знак, негува ретро стил налик на оној од крајот на 20-от век.
***
🎬 Проекција на филмовите “Митот за Сара”, “Мангава диско панк”, “Долу од рајот” и “PC Busan” / 21 часот, Кино Манаки
Саша Станишиќ е независен продуцент, режисер и писател од Скопје. Станишиќ е претставник на новата генерација на режисери од Македонија чиј фокус на интерес е сместен на локалните реалистични дискурси кои можат да се протегнат или аплицират по својата универзалност и на други делови од планетата, неговите партикуларни теми често во себе кријат општа човечка детерминанта. Во филмовите на Станишиќ свој одраз има и неговото претходно образование од книжевната компаративистика, која го збогатува неговиот наративен и интертекстуален пристап.
Неговиот филм “Митот за Сара” е за познатата француска актерка Сара Бернард, која во 1917 година ги посетува француските војници на Македонскиот фронт во близина на градот Битола. Пред нив изведува делови од Хамлет, лик кој што таа, за прв пат во историјата – од страна на жена, го игра 20 години порано во Париз. Зборовите на Хамлет измешани со теророт на војната, оставаат суров вкус на автентичност и го отклучуваат вечното прашање – Способен ли е човекот да се избегне сам себеси?
“Мангава диско панк” (од ромски превод, “Го сакам диско-панкот”) единствениот панк-рок бенд во познатото македонско ромско гето “Шутка”. Фронтменот на бендот Елвис неуспешно се обидува да го освои срцето на келнерката од локалниот ресторан, а татко му го исфрлува од дома. Елвис, здивеен од комплетното одбивање од општеството, доживува просветлување во форма на психоделична ноќна мора каде Елвис Присли се појавува како локален такси-возач.
Приказната во “Долу од рајот” се врти околу Ана, 15-годишна девојка која ја заменува СИМ-картичката од нејзиниот телефон со СИМ-картичката на нејзиниот покоен дедо. Контакт картичката почнува да праќа СМС-пораки до членови на нејзината фамилија, во обид да се пошегува со нив. Шегата наскоро се свртува против Ана.
Фестивалот е поддржан од Министерството за култура и туризам на РМ. и Бит фест 2024.
