8 – ми Март, како повод за културно доживување и хуманост. Ни претставува особена чест што сме дел од иницијативата на “Невроразлични” – Здружение на деца и млади со посебни потреби и нивните родители – Битола. Во целот ја пренесуваме нивната порака.
Почитувани,
Особена чест и задоволство ни е да Ве поканиме да дојдете на осмомартовски концерт, кој покрај забавниот карактер, има и мисија да покаже колку сме ние хумано општество. Да им дадеме простор на различните да почувствуваат дека се слушнати, разбрани и заедно со сите други.
Да прославиме! Во име на еднаквоста и мислата за подобро утре!
Ве очекуваме!!!
За купување на карти, контактирајте го нашето здружение или нашите членови.
Со почит,
Невроразлични
