Ако некогаш сте слушнале дека во Битола се наоѓа најубавата концертна сала во овој дел на Европа, не ве излажале. Ако слушнете дека во Свечената сала на Офицерскиот дом-КИЦ Битола во изминатите три години се случиле неколку стотина концерти на класична музика, да и тоа е вистина.
Ви пренесуваме дел од амбиентот на концертите кои синоќа се случува во Свечената сала на Офицерскиот дом.
18.00 ч, Пијано Концерт на Теона Ванеска и Филип Ѓорѓиоски и гостинот: Стефан Ѓоѓриоски на кларинет, за потоа да запловиме во звуците на пијаното и фаготот со маестралните Дарко Мариновски-пијано и Даниел Апостолов-фагот, концерт кој се случуваше во 20.00 ч.