Младите ликовни уметници од „Адамс арт студио“ и ОУ.„Св Климент Охридски“ со цртање ја искажаа љубовта кон родниот град Битола.

Годинава Општина Битола со бројни настани и колоритна програма го одбележува 4-ти Ноември, Денот на ослободување на Битола. Настан кој привлече големо внимание, како кај децата така и кај родителите и бројните посетители е цртањето на цртежи и пораки на љубов кон својот град на учениците и членовите на „Адамс арт студио“ и ОУ „Св.Климент Охридски“. Во саботата , во „Кристалната сала “ на Офицерскиот дом беше отворена изложба на уметнички творби на членовите на „Адамс арт студио“, а на платото поставено уметничкото платно од дури осумдесет метри должина исцртано со цртежи и пораки на љубов кон Битола, што е своевиден рекор и куриозитет.

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Scroll to Top