Културната особеност највпечатливо се изразува преку креација. Голема чест е што во Македонија има личности како Изет Цури, кои зборуваат преку своите креации и го прославуваат името на Македонија низ светот. По повод 116 годишнината од „Денот на Албанската азбука“ во Битола и „Битолскиот Конгрес“ како и 10 годишнината од основањето на Граѓанската Организација за промоција и регионална соработка „22 Нентори“ со особено задоволство најавуваме настан кој треба да се проследи со широко отворени очи. Меѓународниот Институт за Мода „ИЗЕТ ЦУРИ“, Скопје и Граѓанската Организација за промоција и регионална соработка „22 Нентори“, Ве покануваат на модната ревија „Alphabet’s story“. Петок 22 Ноември, Офицерски дом, 14.00 ч.
Ве очекуваме.