Музичката монодрама во три става „Дон Кихот во Скопје“ во Офицерски дом Битола.

Прекрасното сончево утро над Битола го подига предновогодишното расположение уште повеќе. Во предвечерието на новогодишните празнувања додека со нетрпение го чекаме почетокот на Зимската приказна, некако по непишано правило интезивно се случуваат блескави културни настани. Споделуваме фото меморија за музичката монодрама во три става „Дон Кихот во Скопје“, која се одржа синоќа во Свечената сала на Офицерски дом – КИЦ Битола, а со поддршка на Амбасадата на Кралството Шпанија во Скопје и Амбасадорот Рафаел Сориано Ортиз кој беше присутен на настанот.

Делото е создадено по повод Националниот ден на Шпанија – 12 Октомври и е концерт за пијано, гитара, наратор и камерен оркестар. Автори на ова дело се Дино Имери и Дијана Илкоска Имери. Под диригентство на маестра Дијана Илкоска Имери настапи камерниот оркестар ID, а како солисти настапија: Дино Имери – пијано, Ади Имери – гитара, Тина Иванова – нараторка и авторка на текстот. Веруваме дека оваа музичка ноќ ќе биде запаметена и прераскажувана меѓу битолчани отворајќи апетит за следни вакви настани…

фото: Сашо Ставрев

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Scroll to Top