Вчерашниот ден беше резервиран за иднината…Како поинаку да ги наречеме сите 120 на број ученици од основно и средно образование од Државното музичко училиште Битола, кои ја осветлија Свечената сала на Офицерскиот дом со радост, музика, искреност…Се свиреше на пијано, хармоника, виолина, виолончело, соло пеење, ударни инструменти, контрабас, флејта, кларинет, саксофон. Секој настап беше поинаков, автентичен, возбудлив…Бројната публика од родители, ментори и ученции со задржан здив и громогласен аплауз ги следеа младите музичари.
Сетоа тоа во во чест и како дел од програмата на одбележување на 80-години од Ослободувањето на Битола.
Општина Битола – официјална страница