„Музички мостови“ на реномираното трио „Интерарт“ во Истанбул.

Нашите музички уметници, амбасадори на Македонија во светот. Со особено задоволство ја пренесуваме веста за концертот „Музички мостови“ на реномираното трио „Интерарт“ во Истанбул. Концертот се одржа во Ерменска католичка црква „Сурп Левон“. Триото „Интерарт“ го сочинуваат, флејтистите Емилија Ристевска Стефановска и Александар Стефановски и пијанистката Татјана Божиновска. На програма беа дела од Шостакович, Доплер, Петровски, Фурстенау и Кларк. Настанот е дел од годишната програма на Македонскиот културно-информативен центар во Истанбул и се реализираше во соработка со Асоцијацијата на истанбулската филхармонија, со поддршка од Министерството за култура и туризам на Македонија.

Проектот „Музички мостови“ е поддржан како дел од програмата на Културно-информативниот центар – Битола.

со почит,

КИЦ Битола

Општина Битола – официјална страница

Oficerski Dom Bitola – Офицерски Дом Битола

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Scroll to Top