Музички празник во Офицерски дом – КИЦ Битола. Синоќешниот концерт на НУ Камерен оркестар на Битола со Олег Кондратенко како диригент и солист и Ана Кондратенко на виолина, ги надмина очекувањата на публиката. Насловен како „Будење“, на концертот беа изведени безвременски музички теми на: А. Вивалди (1678-1741), Е. Направник (2830-1916), А. Пјацола (1921-1997), А. Арсенски (1861 1906), К. Џенкинс (1944), Х. Пурсел (1659-1695) Солист на виолончело – Кирил Јосифов и А. Вивалди (1678-1741). Олег, заедно со својата сопруга Ана Кондратенко (родена во Новосибирск, Русија) во периодот од 2005 до 2019 година одржуваат летни виолински семинари со повеќе од 100 млади виолинисти. Во организација на Музичката младина, Олег се појавува
и како диригент и во тоа својство со филмскиот оркестар FAME’s,а во изминатите 17 години (од 2008) има работено на над 7000 проекти во областа на филмот театарот, музиката за игри и слично – за продукции како Netflix, Disney, Ubisoft, Universal, PlayStation. Музиката на некои од овие проекти е добитник на наградите OSCAR, Emmy и Grammy.









