Вредноста на филмската уметност е во пренесување на емоциите, преку слика, визуелна семантика…Јазикот никогаш не бил бариера за љубителите на филмот.
Во организација на Генералниот Конзулат на Грција во Битола, најавуваме
проекцијата на грчкиот филм „Невести“ во режија на Панделис Вулгарис (2004 – 2008). Проекцијата ќе се одржи во киното ”Браќа Манаки” на Широк Сокак , во петок, 23 мај 2025 година, во 19:00 часот.
Проекцијата на филмот ќе се одржи во рамките на успешната серија проекции на грчки филмови со наслов „Ајде да се запознаеме“, по иницијатива на Амбасадата на Грција во Скопје, овој пат претставувајќи го значајниот грчки филм „Невести“, во режија на Панделис Вулгарис (2004). Сместен во 1922 година, филмот го следи патувањето на 700 жени, чии бракови биле однапред договорени од нивните семејства преку пошта. Тие се упатуваат на бродот SS King Alexander на пат кон Њујорк, каде што ќе ги сретнат мажите со кои треба да се венчаат. Во своите куфери носат фотографија од непознат младоженец и венчаница. Меѓу нив, Ники, една од невестите, се заљубува во еден
американски фотограф. Филмот „Невести“ е романтична драма и претставува прв заеднички кинематографски проект на еден од најзначајните грчки режисери Панделис Вулгарис и наградуваната грчка писателка Јоана Каристиани и Мартин Скорсезе како извршен продуцент на филмот. Филмот постигнал голем успех на кино благајните и освои 10 награди на Меѓународниот филмски фестивал во Тесалоники.
Влезот е бесплатен.
