„Незаборав“ го затвори Бит фест 2024

Веќе четиринаесет години манифестацијата „Незаборав“ посветено се грижи за музичкото наследство на Битола, оживувајќи ги рефрените и сеќавањата на прекрасните песни, одавајќи му должна почит на авторите, композиторите и изведувачите кои трајно ја задолжија Битола и Македонија опевајќи ја , возвеличувајќи ја, прославувајќи ја… Токму со оваа манифестација, се затвора и годинешното издание на @Bit Fest 2024. Ни претставува особена чест што ЈОУ Културен и Информативен центар Битола е дел од оваа манифестација под покровителство на Бит фест, Општина Битола – официјална страница , во соработка со Центар за култура Битола .

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Scroll to Top