Одбележан Празникот на музиката „Солстис“ 2024

Синоќа 21.06.2024 г. Битола со музика и танци го пречека летото и одбележа Светскиот ден на музиката или уште 24 -то издание на летниот фестивал ,,Солстис-Празник на музика. Годинава Француската алијанса Битола ги здружи силите со КИЦ Битола за да ни приредат незаборавна културна програма. Платото на Офицерскиот дом беше исполнето со битолчани, туристи и бројни изведувачи. Тешко е да се набројат сите учесници и точки или да се издвои некоја, од причина што изненадувањата доаѓаа едно по друго. Започнавме со традиционалните пријатели на Солстис ,,Сања денс студио”, следуваа девојчињата од ,,Анастасија”, учениците од ОУ Стив Наумов, ОУ Гоце Делчев, па настапи еден микс од хорови и тапани и хармоники од КУД Гоце Делчев. Атмосверата ја дозагреаа „Паркети“ придружувани со хорска поддршка со нивните хитови и Марија Котеска, Хармониките, Стефанија, Ана Банчевска, Кирилица на ОУ Даме Груев, Софија, Гимназиското трио, Дј Љубиша и ОУ Коле Канински, Fire Fyry…Извонреден настап имаа хоровите на “Коруновска мјузик”, а вечерта ја завршија дуото Никола Зацевски и Софија Зисовска со изведба на нивни композиции, сето тоа водено од нашата актерка Јулијана Мирчевска. Со овој настан практично започна Летната културна сцена и најава на Бит фест, каде битолчани и посетителите ќе имаат можност да гледаат богата програма, доближувајќи ја Битола рамо до рамо со европските културни центри.

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Scroll to Top