Одржан концерт на Ансамблот „Консонанс“ во Офицерскиот дом

Утрински прилог со избор на фотографии од концертот во Свечената сала на КИЦ Офицерски дом на Ансамблот „Консонанс“ одржан на 22 октомври.

На програмата беа изведени мелодите:

Ф. Иванов „Македонска игра и стара песна“ за дувачки квартет;

Б. Цанев „Минијатури за дувачки квартет“;

Д. Илиевски „Магла“, „Фугато Б. “,

„Мозаик“, „Мала свита“, „Стојно ле, севдо ле…“.

Ансамблот Консонанс, основан во 2007 г. е реномиран дувачки ансамбл

посветен на изведба на камерната музика, истражувајќи ги можностите

на дувачките инструменти. Ансамблот е составен од членови на

Македонската Филхармонија, кои исто така се посветени на оркестарското,

солистичко и камерно музицирање. „Консонанс“ има настапувано на повеќе

национални фестивали и настани, како и на меѓународните сцени

во Црна Гора, Бугарија, Хрватска, Турција и САД.

Ансамблот досега има издадено и еден компакт диск.

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Scroll to Top