Одржан традиционален „Божиќен концерт“ во Офицерски дом

Иако деновиве се чинеше дека празниците за миг го запреа културниот ритам, изминатите денови имавме бројни културни активности кои вреди да се споменат. Еден од тие настани е и традиционалниот „Божиќен концерт“, во организација на македонско-хрватското друштво и Хрватскиот културен центар “Марко Марулиќ”. Публиката имаше можност да проследи настап на млади изведувачи од Државното музичко училиште Битола, како и ученици и професори од Музичкиот одел на Основното училиште „Драгутин Тадијановиќ“ од Вуковар. Партнер и поддржувач на овој настан секако беше и нашата културна установа Културен и информативен центра Битола.

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Scroll to Top