Општина Битола, како најтранспаретна општина во начинот на креирање и трошење на општинскиот буџет, по трет пат со организација на буџетските форуми. Во текот на вчерашниот ден Офицерскиот дом во Битола , се одржа првата од вкупно четирите форумски сесии, низ кои локалната самоуправа заедно со граѓаните ќе го креира општинскиот Буџет за 2025 година. Основната цел на форумите е да се поттикнат граѓаните да земат учество во развојот на заедницата на локално ниво, до создавање на локални партнерства за подобрување на социо-економските услови во општината.











